ЕУ воведе царински мерки против американски производи како одговор на тарифите што претходно ги објави претседателот на САД, Доналд Трамп, за челикот и алуминиумот од сојузниците, како ЕУ, Канада, Мексико и Индија. Европските царини стапија во сила вчера и се однесуваат на производи од САД во вредност од 2,8 милијарди евра, како виски, мотоцикли и густ сок.

И Индија вчера објави дека воведува царини на производи увезени од САД, меѓу кои и земјоделски производи, челик и железо. Во меѓувреме продолжија тензиите меѓу двете најголеми економии во светот, САД и Кина. Трамп неделава се закани дека ќе воведе нови царини од 10 отсто на дополнителни кинески производи во вредност од 200 милијарди евра ако Кина не ги промени своите досегашни практики. Пекинг, пак, го обвини Вашингтон за уцена и најави цврсти реципрочни мерки.