Американскиот претседател Доналд Трамп го повикал украинскиот колега Володомир Зеленски да контактира со јавниот обвинител Вилијам Бар за отворање на потенцијална истрага за корупција за поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден. Ова го открива декласифицираниот транскрипт на телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Зелески во јули, пренесува Њујорк Тајмс.

Тој разговор е во центарот на обвинувањата дека претседателот на САД извршил притисок врз странски лидер со цел да го компромитира својот политички ривал.

Претставничкиот дом на САД покрена формална истрага за тоа дали треба да се отповика претседателот Доналд Трамп поради барање странска помош за да му наштети на неговиот политички ривал Џо Бајден.

Тие го обвинуваат Трамп дека разговарал со Зеленски кон средината на летото, барајќи од него компромитирачки информации за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година. Американските медиуми посочуваат дека Трамп му рекол на шефот на кабинетот да ја задржи воената помош за Украина во вредност од 400 милиони долари непосредно пред разговорот со Зеленски, иако Конгресот веќе одобрил тие средства да бидат доделени на Киев.