Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во 16:30 по Гринич ќе има прес- конференција за изборите на средина на мандат.

Претходно денеска, тој објави дека Републиканската партија имала „голема победа”, иако ја загуби контролата врз Претставничкиот дом.

– Добив толку многу честитки од толку многу луѓе за нашата голема победа вечерва, вклучувајќи ги и другите земји кои ме чекаат со надеж да склучат трговски договори, напиша Трамп на Твитер.

Во друг твит, тој ги поздрави луѓето кои го поддржуваа и изјави дека „оние кои работеа со мене во текот на оваа неверојатна кампања за изборите на средина на мандат, одобрувајќи одредени политики и принципи, се справија многу добро. Тие, кои не го направија тоа, велат: „Збогум!”. 

Трамп му честиташе на својот жесток поддржувач, Рон Десантис, за неговата победа на изборите за гувернер на Флорида.