Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави денеска својот имиграционен план кој предвидува фаворизирање на талентираните и интелигентните имигранти со изразени вештини и знаења.

Избегнувајќи ја острата реторика против илегалните мигранти, којашто претходно ја користеше, Трамп изјави дека сака да им овозможи на најбрилијантните луѓе да живеат во САД преку систем што ги наградува талентираните и паметни луѓе.

Тој рече дека постоечките имиграциони закони во САД ги дискриминираат генијалците и исклучителните луѓе, бидејќи најголем дел од дозволите за живеење во САД им се даваат на нискоквалификувани лица со ниски примиња.

Планот што го претстави рече дека се заснова на заслугите и предвидува посебен третман за висококвалификуваните работници.

Според планот на Трамп, САД би требале во иднина да доделуваат ист број „зелени карти“ како сега, но значително би пораснал бројот на исклучителни студенти, професионалци и високообразовани луѓе. Според планот, предвид ќе се земат и факторите како што се годините, познавањето на англиски јазик и понудите за работа.

На основа на заслуги би биле доделени 57 проценти од „зелените карти“, за разлика од сегашните 12 отсто.

Неизвесно е дали планот на Трамп ќе биде усвоен од страна на Когресот.