Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американската војска била целосно подготвена воено да одговори на Иран, но тој се „премислил“ само десет минути пред планираните напади, јавува Би-би-си.

Планирано било американската војска да нападне три локации, како одговор на соборувањето на американскиот дрон над Ормутскиот Теснец.

Според информациите во медиумите, Трамп ги отповикал нападите откако дознал дека во нив можно е да загинат 150 луѓе.

– Го запрев нападот на само десет минути пред за започне, бидејќи беше непропорциолнална рекација за уривање на беспилотно летало – напиша американскиот претседател на Твитер.

За потсетување, Техеран во вторникот информираше дека струшиле американско беспилотно летало во иранскиот возушен простор, додека САД твреа дека леталото се движело во меѓународниот воздушен простор над Ормутскиот Теснец.