Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина да не чека до завршувањето на неговиот мандат за финализирање на трговскиот договор.

Tрамп рече дека доколку биде реизбран на претседателските избори, исходот би бил да нема договор или да биде постигнат со полоши услови.

– Проблемот со тоа што чекаат е дека, ако и кога ќе победам, договорот што ќе го добијат ќе биде многу построг од она за кое што во моментов преговараме, или воопшто нема да има договор – напиша Трамп на Твитер.