Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на резолуциите на Конгресот, со кои се планира да се блокира продажбата на оружје на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, вредна 1,8 милијарди долари.

Трамп изјави дека трите резолуции ќе ја ослабнат американската глобална конкурентност и ќе ги нарушат односите со сојузниците.

Неговото вето следи откако двата дома на Конгресот гласаа за блокада на продажбата на оружје. Одделни членови на Конгресот рекле дека стравуваат дека оружјето би можело да се употреби врз цивили во конфликтот во Јемен.

Тие ја осудија улогата на Саудиска Арабија во Јемен, како и убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги минатата година во Истанбул.