Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ја предлага амбасадорката на САД во Канада, Кели Крафт за нов постојан американски претставник во ОН.

Во објава на Твитер, Трамп нагласи дека Крафт „извршила извонредна работа“ претставувајќи ги САД во Канада.

– Без никаков сомнеж, под нејзино раководство, нашата земја ќе биде претставена на највисоко ниво, додаде Трамп.

По најавената оставка на сегашната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, Трамп првично за нејзина наследничка ја номинираше актуелната портпаролка на Стејт департментот Хедер Нојерт, но таа минатиот викенд ја одби кандидатурата.