Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше американскиот производител „Харли Дејвисон“, кој најави дека поради зголемување на трошоците по новите европски царини, ќе го премести производството за европскиот пазар од САД во странство.

Целта на преселувањето на производството во странство е да ги избегне царинските бариери на ЕУ.

– Изненадува што „Харли Дејвисон“, од сите компании, ќе биде прва која ќе го крене белото знаменце. Се борев напорно за нив, и на крајот на краиштата тие не плаќаат тарифи со продажбата во ЕУ. Царините се само изговор за „Харли“ – напиша Трамп на Твитер. 

Европските царини за увоз на мотори од САД, се зголемени од 6,0  на 31 отсто, порачаа претходно од таа компанија, и додадоа дека поради тоа нема да ги зголемат своите цени, бидејќи тоа би можело да има „трајни штетни последици за бизнисот на компанија во регионот“.