Претседателот на САД, Доналд Трамп со посетата на Даблин ја заокружи петдневната турнеја низ Европа и се врати во Вашингтон, пренесува „Ројтерс“.

Трамп за време на посетата во Велика Британија се состана со кралицата Елизабета Втора и други членови на кралското семејство, како и со премиерката во заминување, Тереза Меј.

Американскиот претседател престојуваше два дена во Ирска каде најголем дел од времето помина на голф терените.