Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот верски водач Али Хамнеј да биде претпазлив во врска со неговите изјави.

– Таканаречениот супериорен лидер во Иран, кој и не е така супериорен во последно време, кажа некои непријатни работи за Соединетите Американски Држави и за Европа. Иранската економија се распаѓа и нивните луѓе страдаат. Тој треба да биде многу внимателен при изборот на зборови – порача Трамп на Твитер.

Тензиите во односите меѓу САД и Иран се ескалираа по неодамнешниот американски воздушен напад, во кој во Багдад загина иранскиот генерал Касим Сулејмани. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.
        
Верскиот лидер во Иран, ајатолахот Хамнеј најави жесток одговор на САД во врска со убиството на генералот, којшто тој лично го одликуваше минатата година.