Aмериканскиот претседател Доналд Трамп мора да плати два милиони американски долари за тужба според која злоупотребил средства од својата добротворна фондација за да поттикне политички и деловни интереси, пресуди суд во Њујорк.

Судијката Салиен Скарпула исто така го потпиша договорот за затворање на фондацијата „Трамп“ и распределба на преостанатите средства од околу 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.

Главната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс минатата година поднесе тужба против Трамп и неговото семејство тврдејќи дека тие нелегално ја воделе фондацијата како продолжување на неговиот бизнис и претседателска кампања.
Џејмс бараше Трамп да врати околу 2,8 милиони долари.