Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е неправедно обвинет за масакрот во двете џамии на Нов Зеланд.

– Медиумите работат прекувремено за да ме обвинат за ужасниот напад на Нов Зеланд. Ќе мора да работат многу напорно за да го докажат тоа – напиша Трамп на Твитер.

Напаѓачот остави таканаречен манифест во кој се нарекува бел националист и алудира на Трамп како на „симбол на обновениот идентитет на белецот“.

Трамп изрази жалење поради жртвите, додавајќи оти нема закана од националаизмот на белецот ширум светот.

Во минатото Трамп беше критикуван поради неговата изјава дека „двете страни“ треба да се обвинат за насилството на демонстрациите на белите супрематисти, на кои имаше и жртви.

Австралиецот Брентон Тарант во петокот нападна две џамии во Крајстчрч, при што беа убиени 50 луѓе, а над 40 беа повредени. Тој беше уапсен по нападите и е обвинет за убиство.