Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека е најпопуларниот политичар во историјата на Републиканската партија.

– Им благодарам на сите мои големи поддржувачи. Постигнавме многу успеси. Другите држави сакаат да ги поправиме овие луди трговски договори. Економијата ИТА НАПРЕД. Новиот предложен врховен судија доби ИЗВОНРЕДНИ ОЦЕНКИ. Новите анкети покажуваат дека Трамп, со над 90 проценти, е најпопуларниот републиканец во историјата на партијата. Вау!, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Претседателоте на САД не ја посочи анкетата според која е најпопуларен водач во историјата на едната од двете големи американски партии, место кое вообичаено во анкетите е резервирано за Роналд Реган или Абрахам Линколн.