Американскиот претседател, Доналд Трамп, отиде да игра голф по краткото обраќање преку видео врска на самитот Г-20, чиј домаќин беше Саудиска Арабија, но се одржа виртуелно поради пандемијата.

Трамп, кој сè уште не го прифати поразот по изборната победа на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември, зборуваше на почетокот на дводневниот виртуелен самит.

Трамп во обраќањето рекол дека направил апсолутно неверојатна работа за време на неговиот мандат на економски план и во пандемија.

– Ми беше чест да работам со вас и со нетрпение очекувам да соработувам со вас во иднина, и уште долго време – рекол Трамп на состанокот кој беше затворен за медиумите, а пренесува извор кој имал пристап до говорите на учесниците.

Додека траело обраќањето на другите лидери, Трамп заминал да игра голф и бил заменет од министерот за финансии Стивен Мнучин, јавуваат американските медиуми.