Претседателот на САД, Доналд Трамп, за првпат ја спомна можноста за одложување на претседателските избори во ноември, наведувајќи ги ризиците од измами поврзани со гласање по пошта заради епидемијата на коронавирус.

Трамп напиша на Твитер дека „гласањето по пошта би предизвикало најголема измама во историјата“.

– Ќе биде голем срам за САД. Одложување на изборите се додека луѓето не можат да гласаат нормално и безбедно – напиша тој.

Како што забележува АП, нема докази за широко распространета измама со гласање по пошта.

Датумите на федералните избори ги одредува Конгресот, а Уставот не предвидува одложување до инаугурацијата на Претседателот на 20 јануари 2021 година.