Едноставниот факт е дека овие избори сè уште не се завршени, е официјалното соопштение од кампањата на Трамп, откако медиумите, врз основа на пребројаните резултети, го прогласија Џо Бајден за нов претседател на САД.

– Џо Бајден не е потврден како победник на ниту една држава. Од понеделник, нашиот штаб ќе започне со процесирање на нашиот случај на суд, за да се осигура дека законите се почитуваат во целост – се вели во извештајот.