Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги згасне сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативецот.

Трамп се огласи на Твитер кога оваа мрежа обележа негова објава и нагласи дека треба да ги проверуваат информациите што ги објавуваат.
Ова е првпат Твитер да ги повика своите корисници да ги проверуваат податоците во твитовите што ги објавува американскиот претседател.

Трамп потоа оцени дека Твитер се меша во американските претседателски избори и ја задушува слободата на говор.

Мрежата Твитер претходно трпеше и притисоци затоа што не обрнува внимание и не ги проверува објавите на Трамп.