Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Вашингтон многу сериозно гледа на денешното најново лансирање ракети во Северна Кореја и рече дека Севернокорејците не се подготвени за преговори.

-Моментално многу сериозно се занимаваме со ова- рече Трамп.

Тој пред новинарите во Белата куќа посочи дека никој не е среќен поради развојот на ситуацијата, но по проучувањето ќе одлучи какви потези ќе преземат.

-Знам дека сакаат да преговараат, тие зборуваат за преговарање. Сепак не мислам дека моментално се подготвени за продолжување на преговорите-изјави Трамп.