Северна Кореја ги ослободи тројцата Американци, кои со месеци беа во притвор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Задоволство ми е да Ве известам дека државниот секретар Мајк Помпео е во авион и се враќа од Северна Кореја заедно со тројца прекрасни господа и сите се радуваат дека ќе ги запознаат. Изгледа дека се во добра здравствена состојба, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека Помпео имал „добар состанок“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ослободувањето на Американците укажува оти Пјонгјанг е подготвен да ги подобри односите со Вашингтон пред Самитот Северна Кореја – САД.