За време на состанокот со демократите во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп приреди вистинско шоу во однос на финансирањето на ѕидот со Мексико, пренесува магазинот „Атлантик“.

Уште од почетокот на мандатот на американскиот претседател Трамп, беше јасно дека Мексико нема да го финансира долго најавуваниот ѕид во неговата кампања. По две години од неговото владеење, се уште е нејасно дали и САД ќе ја финансира идејата од кампањата на Трамп.

Претседателот Трамп во Белата куќа ги покани и разговараше со лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер и лидерката на малцинството во долниот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, за со нив да преговара за условите за иградба на ѕидот на јужната граница помеѓу САД и Мексико. Недоразбирањето меѓу Трамп и претставниците на демократите се состоеше во тоа што претседателот побара пет милијарди долари за да го изгради ѕидот, а Шумер и Пелоси се спротиставија на оваа идеја.

Трамп се судри со преставниците од Сенатот пред голем број на репортери, заканувајќи се дека ќе го прекине финансирањето, во еден од побизарните спектакли кои ги приреди оваа администрација.

– Експертите сметаат дека постои можност границата целосно да се обезбедува без изградба на ѕидот, што значи дека тој воопшто не го решава постоечкиот проблем – му рече на Трамп лидерот на малцинството во Сенатот Шумер, инсистирајќи дека ѕидот го решава проблемот.

Американскиот претседател се закани дека ќе ја блокира владата ако не го добие тоа што го посакува.

– Ако не го добиеме она што го сакаме, на еден начин или друг, ќе ја блокирам владата и тоа со голема гордост – инсистираше Трамп.

Според медиумите, сцените кои по којзнае кој пат ги приреди Трамп покажаа дека тој повеќе има намера да прави шоу пред медиумите, отколку да склучи каков било договор.  Голем број од новинарите кои присуствуваа на оваа средба беа зачудени поради фактот што претседателот ги поканил на средба на која се заканува дека ќе ја блокира владата. Тоа што се случуваше пред јавноста, според многумина е несоодветно однесување на еден претседател на држава, кој многу често се уфрлал во збор и навлегувал во голем број прашања кои не се тема на разговор. Со други зборови, Трамп го добил своето шоу.

Според извори од врвот од демократската партија, Пелоси и Шумер биле подготвени на Трамп да му понудат договор за продолжување на сегашните финансирања за ѕидот. Но исто така, демократите биле подготвени и на тоа Трамп да не ги прифати нивните услови.

На овој собир, Трамп дополнително тврдел дека со веќе изградените делови од ѕидот се зголемила безбедноста кај граничниот град Сан Диего, поточно оти нелегалните минувања на границите се намалите за дури 92 отсто, што според голем број новинари и познавачи на состојбите е лага изнесена од страна на претседателот.

Останува отворено прашањето дали претседателот Трамп ќе ја добие поддршката од Сенатот за продолжување на финансирањето на ѕидот со Мексико, или тој нема да упспее да ги придобие неопходните гласови од страна на демократите за ова прашање.