Џиновски балон преку кој Трамп е прикажан како стаорец беше пуштен на парадата на демонстранти во Балтимор пред посетата на претседателот, кој пред два месеци ги навреди жителите, пренесува „Индипендент“.

Трамп жителите на Балтимор ги нарече „одвратни стаорци“, а градот дека „е полн со гнасни глодари“ и место каде што „ниедно човечко суштество не би сакало да живее“.
На неговата прва посета по коментарот што предизвика огромен гнев кај граѓаните, тој ќе присуствува на настан за собирање на средства пред да се обрати на вечерата на Републиканската партија.