Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претресот што ФБИ го изврши во канцеларијата на неговиот личен адвокат Мајкл Коен бил срамна акција и воопшто „лов на вештерки“.

Говорејќи синоќа со новинарите во Белата куќа, Трамп тимот на посебниот истражител Роберт Милер, кој ги истражува обвиненијата околу руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година, го нарече најпристрасна група на луѓе.

Американскиот претседател го повтори својот став дека државниот обвинител Џеф Сешнс не би требало да се изземе од надгледувањето на истрагата на Милер за наводното руско мешање во американските претседателски избори.

ФБИ вчера ја претресе канцеларијата на Коен, кој се најде во фокусот на контроверзата околу наводна исплата на пари на порно ѕвезда која тврди дека во 2006 година имала сексуални односи со Трамп и дека добила пари за тоа да не зборува во пресрет на предизборната кампања во 2016 година.

Стивен Рајан, адвокат на Коен, потврди дека ФБИ ја пребарал канцеларијата и зел одредени документи. Тој додаде дека акцијата била изведена делумно по налог на канцеларијата на специјалниот истражител Роберт Милер, истакнувајќи дека била „целосно непримерна и непотребна“.

Коен не го коментираше настанот.