Американскиот претседател, Доналд Трамп, предложи формирање палестинска држава со главен град во источен Ерусалим велејќи дека станува збор за ситуација во која добиваат двете страни.

Тој предлог е основата на мировниот план за Блискиот Исток што Трамп го објави во Вашингтон, придружуван од израелскиот премиер Банјамин Нетанјаху.

– Денеска, Израел прави голем чекор кон мирот – рече Трамп додека, покрај Нетанјаху, ги објавуваше деталите од планот што Палестинците веќе го отфрлија, пренесува АФП.

Нарекувајќи го планот историска шанса за Палестинците да остварат независна држава, Трамп додаде дека тоа би можело да биде последната можност што некогаш ќе ја имаат.

– Палестинците заслужуваат многу подобар живот – рече Трамп.