Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог закон за годишната потрошувачка за одбрана во кој се вклучени санкции за проектот „Северен тек 2“, гасоводот што се гради за транспорт на рускиот гас директно во Германија преку Балтичко Море.

Москва и Берлин веќе ги осудија санкциите и најавија „реципрочни“ мерки.

Проектот „Северен тек 2“ е само на наеколку недели од неговото завршување, а аналитичарите се поделени за тоа дали со воведување на санкции во толку доцна фаза би можело да се запре проектот.

Против проектот „Северен тек 2“ се и демократите и републиканците.