Кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп за максимален притисок врз Иран и најновиот обид за „дипломатија со воени бродови“ може да предизвика екласација на тензиите и почеток на нов конфликт, пренесува „Политико“.

– Трамп презема чекори кои ги доближуваат САД кон воен кофликт со Иран, откако го пренасочи носачот на авиони „Абрахам Линколн“, како резултат на изјавите на официјални лица дека постои зголемена закана за американските трупи и објекти во регионот – се наведува во анализата на магазинот.

Носачот на авиони ќе се движи кон Блискиот Исток порано од планираното. Во меѓувреме, Иран најави дека ќе повлече неколку ставки и обврски од нуклеарниот договор потпишан со САД. Паралелно, се очекува Белата куќа да наметне дополнителни санкции за Иран во следните неколку денови.

Ситуацијата помеѓу двете земји ескалираше брзо откако минатиот месец Трамп ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација. Веднаш потоа, повеќе функционери од врвот на Пентагон предупредија дека има можност оваа одлука да го испровоцира Иран и сојузниците да направат одмазнички чекори против САД и сојузниците, вклучувајќи го и Израел. Зголемените тензии сега предизвикуваат услови во кои може да се очекуваaт ненадејни чекори и од двете страни, кои потоа би можело да се претворат во воен конфликт.

Можноста за контра-мерки од страна на иранските власти во регионот, предизвика Американците да бидат на ниво на максимална подготвеност, особено во Ирак, каде шиа-милитантите вооружени со иранско оружје во минатото ги напаѓаа американските трупи и објекти. Во Ирак остануваат околу 5.200 претставници на американската армија.

Иран во моментов е во неколку дипломатски и воени конфликти со одредени сојузницици на САД на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои ги поддржуваа САД во постапките против Техеран. Во Јемен, на пример, Иран ги поддржа бунтовниците кои се борат против воената коалиција предводена од Саудијците и САД.

Иранскиот државен медиум информираше дека претседателот на земјата Хасан Рохани планира да најави дека Иран ќе ги намали обврските кон нулеарниот договор. Чекорот на властите доаѓа една година по одлуката на Трамп да ги повлече САД од спогодбата со Иран.

Притисокот на САД преку санкциите, воглавно во продажбата на нафта, сериозно ја оштети иранската економија и сè уште не е јасно кои се следните чекори на Иран.