Претседаталот на САД, Доналд Трамп денеска повторно ги критикуваше компаниите кои управуваат со социјалните мрежи, поради, како што кажа, „замолкнуваат милиони луѓе“.

– Гигантите во областа на социјалните мрежи замолкнуваат милиони луѓе. Не можат тоа да го прават и ако тоа значи оти мораме да продолжиме да служаме лажни вести како што се вестите на Си-ЕН-Ен, чиј рејтинг сериозно страдаше. Луѓето мора да сфатат што е реално, а што не е, без цензура – напиша Трамп на Твитер.

Тој не именуваше ниту една компанија, но неговиот комантар уследи откако социјалните мрежи се соочени со засилена контрола на Конгресот и негов надзор од странска пропаганда.

Фејсбук, Твитер и Алфабет во вторникот избришаа стотици налози поврзани со наводниот обид на Иран да шири дезинформации во САД, додека Фејсбук соопшти дека другата кампања е поврзана со Русија.