Компаниите во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп пријавиле загуба од 1,17 милијарди долари, меѓу 1985 и 1994 година, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од даночни документи од тој период.

Најверојатно, Трамп во тој период, годишно губел повеќе пари од речиси кој било поединечен американски даночен обврзник. Тоа не би било толку проблематично, наведува Си-ен-ен, ако Трамп за време на претседателската кандидатура не се претставувал како милијардер, односно неговата финансиска успешност, додека во исто време, наспроти притисокот на Конгресот, недвосмислено одбивал да ја претстави својата даночна пријава на јавноста.

Според „Тајмс“, во 1990 и 1991 година, Трамп секоја година во деловна смисла, губел повеќе од 250 милиони долари. Всушност, Трамп во еден период изгубил толку пари, поради што осум години избегнувал да плаќа данок на доход.

За време на опишаниот период, Доналд Трамп рече му биле дозволени големи даночни отпишувања како амортизација и повеќе немонетарни загуби, додавајќи дека извештаите содржат многу стари информации, информираат од „Ројтерс“.

– Секогаш сакаш да прикажеш загуби за даночни цели…скоро сите кои се бават со недвижнини го правеа тоа – и секогаш повтрно преговараа со банките, тоа беше како спорт – напиша Трамп на Твитер.

Иако традиционално претседателските кандидати ги објавуваат нивните извештаи за платени даноци за време на кампањата, Трамп одби да го направи тоа. Исто така, тој продолжува да биде сопственик на повеќе големи бизниси, иако вети дека неговите синови ќе ги преземат секојдневните операции во фирмите.

Контроверзниот американски претседател веќе неколку пати се правдаше дека не може да ги објави документите за даноците, бидејќи е под тековна ревизија од страна на Службата за внатрешни приходи (ИРС).