Републиканската партија официјално го номинира Доналд Трамп за свој кандидат на претстојните претседателски избори на Националната конвенција во Шарлот.

Доколку победи на изборите во ноември, тоа ќе биде негов втор мандат на чело на Соединетите Држави. Негов противник од демократскиот табор ќе биде Џо Бајден.

Денеска Мајк Пенс беше повторно номиниран за позицијата потпретседател и сојузник на Трамп во изборниот процес.