Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „ништо нема да и платат“ на Турција за ослободување на американскиот свештеник Ендрју Брансон. Трамп го нарече Брансон „голем патриотски заложник“.

– Ништио нема да платиме за ослободување недолжен човек – наведе Трамп на Твитер.

Белата куќа ја повика синоќа Турција да го ослободи Брансон за да се смират дипломатските и економски тензии меѓу двете држави.

Турската лира денеска се намали на 5,86 лири за долар од претходните 5,81 лири за долар бидејќи инвеститорите анализираат ново предупредување на САД според кое Турција може да очекува дополнителни економски санкции ако не го ослободи американскиот свештеник Брансон.

Лирата ослабна 35 отсто спрема доларот оваа година што е во најголема мера последица од влошувањето на односите меѓу двете НАТО сојузнички поради апсењето на Брансон во Турција.