Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се „полни“, дека миграцискиот систем е „претоварен“ и оти илегалната имиграција мора да се запре.

– Навистина постои вонредна ситуација. Ова е колосален налет и е премногу за нашиот миграциски систем, тоа не можеме да дозволиме да се случи. Не можеме веќе да ве примаме. Нашата земја е полна, рече Трамп за време на посетата на реновираниот дел на границата со Мексико.

Трамп ја постави безбедноста на границите како клучна теза на неговата кампања за нов мандат во 2020 година, коментираат американските медиуми.