фото: Фејсбук

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се соочува со обвинувања дека на 6 јануари годинава поттикнал немири на Капитол Хил, потврди дека ќе одржи прес-конференција на годишнината од тие трагични настани.

Трамп најави дека ќе зборува за тие немири, кога демонстрантите се собраа пред зградата на американскиот Конгрес по неговиот говор од Белата куќа, пренесе „Ројтерс“.

Повеќе од 700 луѓе, приврзаници на поранешниот претседател, се уапсени поради учество во немири и напади на Капитол Хил.

Трамп најави дека прес-конференцијата ќе се одржи на неговиот имот во Палм Бич, Флорида, и ги повтори своите тврдења за нерегуларност на претседателските избори во ноември 2020 година, на кои победи демократскиот кандидат Џозеф Бајден.