Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон му соопштил дека „ќе ги повлече САД“ од Договорот за иранската нуклеарна програма, објави електронското издание на „Њујорк Тајмс“.

Тврдењето на весникот е објавено неколку часа пред најавеното обраќање на Трамп во кое тој треба да ја соопшти својата одлука околу еветуелното повлекување на САД од иранскиот нуклеарен договор.

Според извор на весникот, САД се подготвени да ги возобноват санкциите кон Иран, кои беа укината согласно договорот, како и да воведат дополнителни економски ограничувања кон Техеран.

Во врска со телефонскиот разговор, Елисејската палата соопшти дека Макрон и Трамп разговарале за „прашања поврзани со мирот и стабилноста на Блискиот Исток“.

Ирански официјален висок претставник кој побарал анонимност, денеска изјави дека Трамп треба да знае оти тој ќе биде одговорен за сите последици предизвикани од евентуалното пропаѓање на договорот за иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претставник нагласи дека Иран секогаш бил посветен на спроведување на своите меѓунородни обрврски, но дека нема да прифати какви и да било барања што ги надминуваат условите утврдени со договорот за неговата нуклеарна програма, што во 2015 година го потпишаа Техеран и петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија.

– Европските потписници се обидуваат да го убедат Трамп, САД да не се повлечат од договорот, но мора да знаат дека Иран никогаш нема да прифати какво и да било барање што излегува навор од договореното, изјавил иранскиот претставник.

Претходно денеска, изранскиот претседател Хасан Рохани, во пресрет на обраќето на Трамп, изјави дека е можно Иран да се соочи со некои проблеми.

– Можно е да се соочиме со некои проблеми во следните два или три месеци, но ќе ги надминеме, истакна Рохани, додавајќи дека Иран сака да ја продолжи конструктивната соработка со светот.

Во меѓу време, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги повика САД да не преземаат неикави избразни чекори, кои би можеле да доведат до пропаѓање на договорот за иранската нуклеарна програма.

Според Рјабков, не постојат никакви основи кои би укажале дека Иран се обидува да произведе атомска бомба и е неприфатливо да се вршат притисоци врз Тегеран да се согласи на едностани отспаки.

Рјабков нагласи и дека Русија е подготвена на дијалог за нов договор за иранската нуклеарна програма, по истекот на сегашниот во 2025 година, како и за ракетните програми и за регионалната политика на Техеран.

Европската унија, исто така, ја потврди својата поддршка на нуклеарниот договор со Иран.

– Договорот функционира и ние остануваме посветени на неговата примена, изјави портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.

Таа напомена дека Меѓународната агенција за атомска енергија десетпати досега потврдила дека Иран ги почитува обврските.

– Тоа не е договор заснован на доверба, туку на факти, заклучи Коцијанчич.

Со Договор Иран се согласи на ограничувања на неговата нуклеарна програма, а за возврат доби укинавање на повеќе меѓународни и американски санкции воведени кон земјата.

Меѓутоа, Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдат дека Техеран лаже за своите нуклеарни амбиции и дека на Иран не може да му се верува.