Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Вашингтон мора да ја задржи „поцврстата политика“ за да го спречи влегувањето на милиони луѓе во САД.

– Мораме да имаме многу цврста политика. Инаку ќе имаме милиони и милиони луѓе кои влегуваат во нашата земја. Тоа не можеме да го дозволиме. Немаме избор,-истакна Трамп.

Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на Трамп ќе престане да ги тужи мигрантските родители кои заедно со децата нелегално ја преминале границата.