Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има профил на Твитер, изјави Нед Сегал, финансискиот директор на социјалната мрежа, пренесуваат медиумите.

– Вака функционираат нашите правила. Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер – изјави Сегал за „Си-ен-би-ес“.

Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат тогаш се отстрануваат од Твитер, така да никогаш не можат да се вратат.

– Ако Трамп одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има профил – дополни Сегал.