Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака решение што предвидува две држави за израелско-палестинскиот судир.

Трамп за време на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на маргините на Генералното собрание на Обединети нации, истакна дека сака во следните два до три месеца да претстави мировен план.

– Ми се допаѓа решението за две држави. Мислам дека тоа е нешто што најдобро би функционирало… Тоа е моето чувство – посочи Трамп.
Тоа е најјасна поддршка од американската администрација за решавање на израелско-палестинското прашање.

Претходно, администрацијата на Трамп тврдеше дека ќе поддржи такво решение доколку со тоа се согласат двете страни.

Нетанјаху наведе дека каква било идна палестинска држава мора да биде демилитаризирана и мора да го признае Израел како држава на еврејскиот народ. Но, таквите услови за Палестинците се показател оти Израел не е искрено посветен на мирот.