Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Сан“ изјави дека британската кралица Елизабета Втора е „исклучителна жена“ и оти не е нервозен пред денешната средба со неа.

– Исклучителна жена. Се радувам на состанокот. Сметам дека добро ја претставува својата земја- наведе Трамп.

Тој додаде дека една од причините зошто е воодушевен од британската кралица е што таа во текот на годините „навистина никогаш не направила грешка“.

Предвидено е Трамп и неговата сопруга Меланија денеска да се сретнат со кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор.

Трамп во Лондон допатува синоќа по Самитот на НАТО во Брисел. Тоа е прва посета на Трамп на Велика Британија откако стана претседател на САД.