Лидерите на САД и Кина се договорија да продолжат со стопираните преговори околу трговијата, што би требало да ја врати во нормала глобалната економија, пишува Би-би-си.

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на Г20-самитот во Осака, Јапонија, успеале да најдат заеднички јазик и да постигнат договор за продолжување на трговските преговори.

Контроверзниот американски лидер изјави дека средбата била „одлична“, иако претходно се закануваше дека ќе наметне нови тарифи во вредност од 300 милијарди американски долари на кинеските производи кои се увезуваат во САД.

Кина и САД е двете најголеми светски економии, а во последната година беа трговска војна кој предизвика сериозни проблеми за двете страни, но остави траг и во светската економија.

Претходно, Трамп ја обвини Кина за кражба на интелектуална сопственост и принудување на американските фирми да споделуваат трговски тајни за да можат да тргуваат во Кина. Како одговор, Кинезите рекоа дека американските побарувања за бизнис се неразумни.

Ситуацијата ексалираше во последните неколку месеци пред самитот, по неуспехот на преговорите на двете земји во мај оваа година.