Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Брисел со царини, велејќи дека ЕУ мора да „игра според правилата” или ќе и воведе „царини од пеколот”.

– Европската унија е многу, многу цврста. Тие не дозволуваат нашите производи да влезат. Тие не дозволуваат увоз на нашата земјоделска стока – рекол Трамп на состанокот со американските гувернери, се наведува во денешното соопштение од Белата куќа.

Тој додаде дека „можеби на некој начин”, ЕУ е поцврста од Кина.

Трамп, исто така, ја обвини ЕУ дека наплатува големи царини на американските автомобили, додека САД не наплатува речиси ништо кога ќе ги испратат своите автомобили.