Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокроејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе имаат средба кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа.

Местото на состанокот ќе биде објавено дополнително.

Трамп денеска имаше средба со високиот претставник од Северна Кореја, Ким Јонг-чол и теми биле денуклеаризација на Корејскиот полуостров и новиот состанок на двајцата лидери. Првиот состанок на Трамп со Ким беше одржан лани во Сингапур кога беше договорена денуклеаризација.