Кандидатот на Демократската партија Џо Бајден засега освоил 209 електорски гласови, а актуелниот претседател Доналд Трамп 118, според делумно преброените гласови на американските претседателски избори, објавуваат светските медиуми. Идниот претседател на САД треба да стигне до 270 електорати.

Надлежните лица во американските сојузни држави Висконсин, Мичиген и Пенсилванија објавија дека нема да ги соопштат резултатите денеска, со што може да се очекува „долга изборна недела“, како што наведува „Гардијан“. Резултатите од овие сојузни држави се најавуваат како пресудни за изборите.

„Фокс њуз“ објави дека Бајден победил во Аризона, која е од големо значење за исходот на изборите, на што изборниот тим на Трамп се спротивстави.