САД по производството на оружје од новата генерација и дефинитивно станаа најмоќната воена сила во светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

– Сега ја имаме најмоќната армија. Ни завидуваат Русија, Кина, Северна Кореја и сите други земји. Никој не е ни близу до оружјето што го имаме. Се надеваме дека никогаш, не дај Боже, нема да мора да го користиме. Но, важно е кога се воспоставува мир од позиција на сила. Затоа ни е потребно – рече Трамп на митинг во Висконсин.