Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно, излегол од Иранскиот нуклеарен договор, бидејќи тој е поврзан со неговиот претходник, Барак Обама, произлегува од новите дипломатски депеши кои протекоа на британскиот амбасадор во САД.

– Администрацијата се потпира на акт на дипломатски вандализам очигледно од идеолошки причини и лични причини… станува збор за договор на Обама – пишува амбасадорот Ким Дарок во дипломатската депеша во мај 2018 година, пренесуваат британските весници.

Овој документ е дел од уште една серија на доверливи извештаи што протекоа и беа објавени во британските медиуми.

Нуклеарниот договор е постигнат во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија. На 8 мај 2018 година Трамп сооопшти дека САД ќе се повлечат од договорот.