Претседателот на САД, Доналд Трамп ја спомена можноста за преговори со Иран, за време на разговорите со јапонскиот премиер, Шинзо Абе.

-Навистина верувам дека Иран би сакал да разговара, а ако тоа е така ќе преговораме- истакна Трамп кој се наоѓа во посета на Токио.

Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран пораснаа откако САД го напуштија меѓународниот нуклеарен договор и ги обновија санкциите кои предизвикаа криза на иранската економија.

-Ќе видиме што ќе се случи, но една работа е сигурна, а тоа е дека премиерот Абе има блиски односи со иранските лидери. Никој не сака да се случат страшни работи, особено не јас- додаде американскиот претседател.