Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најголем број обожавители на Твитер, а потоа следат папата Франциска и индискиот премиер Нарендра Моди, се наведува во годишниот извештај на „Твипломатија“ на компанијата „Барсон Кон и Вулф“.

Трамп во октомври минатата година изби на прво место и сега има 52 милиони следачи, папата 47 милиони, додека Моди на Твитер го следат 42 милиони луѓе.

Во Евриопа најдобро котира британската премиерка Тереза Меј со пет милиони следачи, додека твитовите на францускиот претседател ги следат три милиони луѓе.

Јорданската кралица Ранија има 10 милиони следачи и е прва помеѓу државниците и политичарите во арапските држави.

Само шест влади во светот воопшто не се застапени на Твитер – Лаос, Мавританија, Никарагва, Северна Кореја, Свазиленд и Туркменистан.