Американскиот претседател Доналд Трамп им ја честиташе Новата година на граѓаните преку видео порака објавена на Твитер, со малку невообичаени зборови.

– Додека јас напорно работам во Белата куќа вие славите, но не ве обвинувам. Уживајте, порача американскиот претседател, посакувајќи среќна Нова година.

Тој се осврна на двете години работа на неговата администрација, во кои, како што истакна, е многу сработено.

– Никогаш во една администрација не е направено повеќе отколку ние во првите две години од мандатот. Економијата расте, платите на работниците се зголемуваат по многу години, луѓето работат по една работа наместо две или три. Постигнавме договори со Мексико, Канада и Северна Кореја за кои сите мислеа дека е невозможно. Ветив и работиме одлично како држава, нагласи Трамп и вети дека ќе биде уште подобро и поубаво во иднина.