Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека новиот ѕид на јужната граница на САД со Мексико е одличен.

– Само што го проверив новиот граничен ѕид – одличен е ! Сега заминувам за Лос Анџелес, напиша Трамп на Твитер.

Тој објави и снимка од дискусија за границата и безбедноста со американските граничари, на кои им се заблагодари „што ги чуваат САД секој ден“.