Американскиот претседател Доналд Трамп се состана вчера во Белата куќа со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според АП, и Трамп и Орбан ја прифатиле анти-имиграциската реторика, а Орбан се надева дека Трамп ќе може овој став да го претвори во формирање на глобална алијанса.

Орбан за алијансата веќе зборуваше на државното радио на Унгарија, потсетувајќи дека Унгарија и САД се едни од ретките земји што минатата година се спротивставија на Глобалниот пакт за миграција на Обединетите нации.