Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира генерал Марк Мили за претседател на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД.

Генерал Мили во моментов е шеф на генералштабот на копнените сили. Ако неговата кандидатура биде одобрена од Сенатот, тој ќе го замени генерал Џозеф Данфорд, кој ќе се пензионира во октомври 2019 година.

Генералот Данфорд е поранешен командант на Маринскиот корпус и командант на Коалициските сили во Авганистан. Генерал Мили командуваше со војски во Ирак и во Авганистан, и е началник на Генералштабот на копнените сили од август 2015 година.