Претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да ги и продолжи санкциите на Северна Кореја за уште една година. 

Американскиот претседател вчера говореше дека Пјонгјанг презема чекори кон денуклеаризација, што би значело чекор кон ублажување на рестриктивните мерки. Трамп се одлучи за санкции, како дел од својата агенда „максимален притисок” на Северна Кореја со објаснување за „необични и несекојдневни” нуклеарни закани.

Официјалната политика на САД е дека санкциите ќе бидат укинати само кога има комплетна и заверена денуклеаризација на Северна Кореја.

Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни се состанаа во Сингапур за да разговараат за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Лидерот на САД по средбата изрази задоволство, додавајќи дека светот очекува голема промена.